КОАВТОРОТ НА АСТЕРИКС АЛБЕРТ УДЕРЦО ПОЧИНА НА 92 ГОДИНИ

    КОАВТОРОТ НА АСТЕРИКС АЛБЕРТ УДЕРЦО ПОЧИНА НА 92 ГОДИНИУдерцо ги создал омилените ликови во француската поп култура во 1959 година (Фото: Гети)

    Алберт Удерцо, еден од креаторите на легендарниот стрип „Астерикс“, почина на 92 години.

    Овој стрип првпат се појави во 1959 година во француско-белгиското списание „Пилот“ и Удерцо продолжи да го прави и по смртта на својот партнер Рене Госини во 1977. Стрипот, сега со нови сопственици, и натаму излегува.

    „Удерцо почина во сон во својот дом во Нили откако имал срцев удар кој не е поврзан со коронавирусот“, објави неговото семејство.

    По речиси 52 години работа на стрипот, Удерцо во 2011 го предаде на помлад уметник.

    Удерцо и Госини се запознале во 1951 година, по што почнале заедно да цртаат, а ликот на Астерикс го создале откако им било понудено да направат списание кое ќе содржи „типичен француски херој“. Тие ја сместиле приказната во древна Галија и првиот број излегол на 29 октомври 1959. Стрипот во меѓувреме се продаде во 370 милиони примероци и според ликовите се снимени 11 филмови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира