КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЛАЗЕ МАНАСКОВ НА 24 ДЕКЕМВРИ ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

    КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЛАЗЕ МАНАСКОВ НА 24 ДЕКЕМВРИ ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕМанасков од 1983 работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022. (Фото: Драмски театар)

    Погребот на актерот Лазе Манасков, кој почина на 20 декември на 67 години, е денеска на Градските гробишта во Бутел, а посмртните останки ќе бидат во капелата од 11:30 до 12:30 часот , соопшти Драмски театар од Скопје, неговата матична куќа. Комеморација во негова чест ќе се одржи во Драмски, на 24 декември во 12 часот.

    Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022.

    Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасков оствари плодна кариера и на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира