КОМЕМОРАЦИЈА ЗА РИСТО СТЕФАНОВСКИ ЌЕ ИМА, НЕ САКАВМЕ ДА СЕ ПОКЛОПИ СО ПРЕМИЕРАТА ПОСВЕТЕНА НА ВНУК МУ ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР КОЦЕВСКА-ХАЏИ ВАСИЛЕВА

    КОМЕМОРАЦИЈА ЗА РИСТО СТЕФАНОВСКИ ЌЕ ИМА, НЕ САКАВМЕ ДА СЕ ПОКЛОПИ СО ПРЕМИЕРАТА ПОСВЕТЕНА НА ВНУК МУ ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР КОЦЕВСКА-ХАЏИ ВАСИЛЕВАРисто Стефановски и Катерина Коцевска на средбата по донацијата на неговата лична библиотека за Драмски театар. (Фото: Архива на Драмси театар)

    Комеморација за починатата театарска легенда Ристо Стефановски и основач на Драмскиот театар Скопје ќе има подоцна, оти Драмски сакаше да избегне поклопување со премиерата посветена на Горан Стефановски, кој е негов внук, вели директорката на Драмски театар Катарина Коцевска-Хаџи Василева. Таа ова го соопшти откако актерот Јовица Михајловски вчера реагираше дека 4 недели по смртта на Ристо, кој 26 години беше директор на оваа инстутција, а кој почина на 22 март на 94 години, Драмски не најде време и простор за јавно одбележување на неговиот лик и дело.

    „Истиот ден на веста за смртта на господинот Ристо Стефановски, (кој за неколку дена не ја дочека премиерата на претставата ‘Моето име е Горан Стефановски’, за која со синот на Горан Стефановски, Игор Стефановски, се договаравме да го донесеме Ристо Стефановски во Театарот), разговарав со господинот Благој Чоревски, долгогодишниот директор на Драмски театар, кој најдолго бил со Ристо Стефановски, како да ја направиме комеморацијата и заеднички одлучивме да не се поклопува со премиерата посветена на неговиот внук, Горан Стефановски, туку истата да се направи покасно и достоинствено“, вели Катарина Коцевска-Хаџи Василева.

    Таа не соопшти точен термин за комеморацијата, но сподели и фотографија снимена дома кај Ристо Стефановски, кога отишла лично да му се заблагоди за донацијата на неговата лична библиотека за Драмски театар.

    Под раководство на Стефановски, Драмски театар го остварува најголемиот подем потврден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија на тогашната СФРЈ. Автор е на 12 тома од книгите „Театарот во Македонија“, и меѓу другите на „Летопис на македонската драма и театар“,„Монографија – 30 години Драмски театар“, „Мојот театар – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања“ и други. Стефановски го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977 до крајот на животот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира