КОМПОЗИТОРОТ И НОВИНАР АВНИ ЌАИЛИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

    КОМПОЗИТОРОТ И НОВИНАР АВНИ ЌАИЛИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТЌаили во 1992 се вработил во Македонската радио телевизија (МТВ), каде што работи и до денес. (Фото: Еуровикс ворлд)

    Новинарот, текстописец и композитор Авни Ќаили е именуван за директор на Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје, потврди Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК. Ќаили доаѓа на местото на досегашниот в. д. директор Тихомир Топузовски.

    Ќаили доаѓа како кадар на владиниот коалиционен партнер „Вреди“, чии кадри се поставени на директорските места во Националната галерија на Македонија и на Филхармонијата.

    МСУ, кој годинава прослави 55 години, е една од најзначајните културни институции во земјава и меѓу најреномираните музеи на современа уметност во регионот.

    Ќаили ги завршил студиите во Приштина во 1991, а студиите во Скопје во 1993. Во 1992 се вработил во Македонската радио телевизија (МТВ), каде што работи и до денес. Тој е автор на приближно 5.000 текстови на песни и има соработувано со речиси сите нови и познати албански пејачи. Неговите песни освојувале први награди на фестивали, а бил наградуван и како најдобар текстописец.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира