КУМАНОВО Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2019

    КУМАНОВО Е ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2019Општината од својот буџет за културните настани ќе издвои 10 милиони денари, а бидејќи парите не се доволни ќе бара поддршка и од Владата со уште 15 милиони денари . - Градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес-конференција (Фото: СДК.МК)

    Куманово годинава ќе биде македонска престолнина на културата. Една од причините поради која градот го доби ова признание е јубилејот 5 века постоење на Куманово.

    „Апликацијата на Општина Куманово за Град на културата е прифатена од Министерството за култура. Ова признание во тековната 2019 се совпаѓа со големиот јубилеј, 5 века постоење на Куманово. Воедно сме известени дека на нашата апликација со вкупен износ од 15 милиони денари ни се одобрени 3 милиони денри, поддршка за предвидените настани и манифестации“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски на денешната прес-конференција.

    Општината од својот буџет за културните настани ќе издвои 10 милиони денари, а бидејќи парите не се доволни ќе бара поддршка и од Владата со уште 15 милиони денари за реализација на сите проекти за достојно го одбележи јубилејот. Општината Куманово во програмата има предвидена богата културно-уметничка програма со разновидни содржини, посета на домашни и странски уметници, со над 40 проекти.

    Меѓу поголемите настани е планирана театарската претстава „Ленче Кумановче“ од Васиљ Иљоски, неколку гостувања на Филхармонијата, Операта и Балетот, неколкудневен фестивал за млади на отворено, возобновување на музичкиот фестивал на шегобијни песни некогашниот „Тумба фест“, концерти на сериозна, забавна, детска и народна музика, традиционалните манифестации Денови на комедија, Тамбурашкиот фестивал, џез фестивал, колонии, изложби и  поетски читања.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира