МАРТИНОСКИ СЕ ВРАТИ ОД МЕКСИКО, ЛИЧЕНОСКИ ОД ТУНИС, ИЗЛОЖБА НА СЛИКИТЕ ОД ТИТОВИТЕ АМБАСАДИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАРТИНОСКИ СЕ ВРАТИ ОД МЕКСИКО, ЛИЧЕНОСКИ ОД ТУНИС, ИЗЛОЖБА НА СЛИКИТЕ ОД ТИТОВИТЕ АМБАСАДИ

    Трезор од 46 слики од уметници кои ја поставија македонската современа уметност во светски контекст по Втората светска војна, по многу години поминати надвор од земјава распоредени по сите континенти, се вратија дома и за прв пат се изложени во Националната галерија Мала станица во Скопје.

    Се работи за дела кои Македонија, како дел од Југославија, ги испраќала во Сојузниот секретаријат за надворешни работи кој потоа ги распределувал по дипломатско-резиденцијалните претставништва на Југославија низ светот. Вратени се рани дела на Мартиноски, Личеноски, Коџоман, Мазев, Чемерски, Кондовски, Куновски, Темкова, Хаџи-Бошков, Анастасов, Перчинков, Ефтимова, Николовски и други, од над 20 земји каде што имало дипломатски претставништва на СФРЈ.

    Патар Мазев во оваа непроценлива збирка е застапен со „Човек кој пишува“, масло на платно од 1983 година (Фото: СДК.МК)

    Патар Мазев во оваа непроценлива збирка е застапен со „Човек кој пишува“, масло на платно од 1983 година (Фото: СДК.МК)

    Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ-Адамс рече дека „успешно е завршена мисијата за враќање дома на боите од Македонија, подарени на светот од македонските ликовни витези“. Скапоцениот дел од македонската култура беше сиве овие години во Рим, Лондон, Париз, Мадрид, Бразилија, Њујорк, Малме, Мексико, Каракс, Перу, Варшава, Копенхаген, Триполи, Брисел, Минхен, Тунис, Атина…

    Акцијата за враќање на сликите имала разни предизвици. Во централниот изложбен дел е на пример слика од Лазар Личеноски од 1954 година, „Охридско Езеро“. Од Министерството за надворешни работи велат дека одвај ја лоцирале, зашто во документите стоело оти е во Анкара, а тие, со помош на Хрватска  ја нашле во Тунис. „Дипломатите ги ротирале сликите“, велат.

    Од МНР додаваат дека ова е само почеток, зашто има уште многу слики кои сѐ уште чекаат да бидат вратени, откако ќе биде поделен имотот на СФРЈ. Постапката за сукцесија трае од 2001, кога е потпишана Спогодба помеѓу некогашните членки на истата држава, а делот со сликите велат е меѓу наједноставните, зашто било договорено во секоја од републиките да бидат вратени авторите од таа земја.

    Акцијата за враќање на сликите по сукцесијата на СФРЈ имала разни предизвици. Во централниот изложбен дел е на пример слика од Личеноски од 1954 година, „Охридско Езеро“ (Фото: СДК.МК)

    Акцијата за враќање на сликите по сукцесијата на СФРЈ имала разни предизвици. Во централниот изложбен дел е на пример слика од Личеноски од 1954 година, „Охридско Езеро“ (Фото: СДК.МК)

    Досега е вратено само дел од непроценливото богатство, а се чека на земјите од Африка.

    Патот на сликите го обзбедуваат МНР и Министерството за култура. Примопредавањето на делата одело лесно каде што и Македонија има дипломатско претставништво. Во други случаи, сликите биле пренесувани до Загреб или до Белград од претставниците на Хрватска и Србија. Во некои покомплицирани случаи, претставник од Македонија морал лично да оди по делото, како што е централно поставената слика „Циганка во црвено“ на Мартиноски, од 1968 година, донесена од Мексико.

    Изложбата ќе биде отворена до 12 декември, а каде потоа ќе биде распределена оваа колекција ќе одлучи Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира