„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ СО 5 НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДАТА ИЗБОР НА КРИТИКАТА ЗА ДОКУМЕНТАРЦИ ВО САД

    „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ СО 5 НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДАТА ИЗБОР НА КРИТИКАТА ЗА ДОКУМЕНТАРЦИ ВО САД„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, е македонски кандидат за Оскар. (Фото: Продукција Медена земја)

    Документарецот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби 5 номинации за наградата Избор на критиката за документарци во САД. Номиниран е во категориите за најдобар филм, за режија за Котевска и Стефанов, за кинематографер за Фејми Даут и Самир Љума, за документарец на тема наука или природа и за најпривлечен лик во документарец за протагонистката Атиџе Муратова.

    Најмногу номинации за признанието што го доделува американското здружение на критичарите, а со кое се наградуваат документарци кои играле в кино, на ТВ или на главните дигитални платформи, добија „Најголемата мала фарма“, „Аполо 11“ и „Тие никогаш нема да остарат“.

    Доделувањето на наградите е на гала вечерта на 10 ноември во Бруклин, Њујорк и е еден вид увод во престојната оскаровска сезона што ќе заврши во февруари 2020.

    „Медена земја“ е македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија.

    Ова е првпат македонски кандидат за Оскар да биде долгометражен документарец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира