„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ТЕ ОСТАВА БЕЗ ЗДИВ, НАПИША АМЕРИКАНСКАТА ЅВЕЗДА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР ЗА МАКЕДОНСКИОТ КАНДИДАТ ЗА ОСКАР

    „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ТЕ ОСТАВА БЕЗ ЗДИВ, НАПИША АМЕРИКАНСКАТА ЅВЕЗДА САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР ЗА МАКЕДОНСКИОТ КАНДИДАТ ЗА ОСКАРАтиџе Муратова е жена која нема да ја заборавам; - принтскрин од инстаграм постот на Сара Џесика Паркер

    „Импресивна, интимна приказна што те остава без здив е приказната за пчеларката Атиџе Муратова, жена која нема да ја заборавам“, напиша американската актерска и продуцентка ѕвезда Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил, објавувајќи фотографија од македонскиот документарец „Медена земја“ кој во моментов се прикажува во Њујорк.

    Ѕвездата од популарната ТВ серија „Сексот и градот“ вели дека „со право овој документарен филм ги доби сите награди и признанија“.

    Глумицата пишува дека откако го објавила постот на Инстаграм се развила дискусија околу името на земјата, но таа не зазема политичка страна.

    „Мојата идеја беше да привлечам што повеќе гледачи да ја видат оваа приказна и овој извонреден документарец“, напиша Сара Џесика Паркер.

    „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија.

    Ова е првпат македонски кандидат за Оскар да биде долгометражен документарец.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари