МИК ЏЕГЕР СЕ ВРАТИ НА СЦЕНА ДВА МЕСЕЦА ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕТО

    МИК ЏЕГЕР СЕ ВРАТИ НА СЦЕНА ДВА МЕСЕЦА ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕТО„Ролинг стоунс“ ја одложи северноамериканска турнеја поради здравствените проблеми на Џегер (Фото: Ројтерс)

    Мик Џегер повторно скокаше и танцуваше на сцена на својот прв концерт по операцијата на срцето во април, откако „Ролинг стоунс“ ја почна својата одложена северноамериканска турнеја.

    Британските рок ветерани ја продолжија турнејата „Без филтер“ пред повеќе од 60.000 фанови на стадионот „Солдир филд“ во Чикаго, откако таа беше одложена поради случајно откриените здравствени проблеми на 75-годишниот Џегер. Иако самата група никогаш не го потврди тоа, американски медиуми објавија дека Џегер бил подложен на операција на срцев залисток во Њујорк во април и набргу потоа, тој на Твитер објави кратко видео како танцува во студио, уверувајќи ги фановите дека е добро.

    „Ролинг стоунс“ ја почна турнејата „Без филтер“ во Европа во септември 2017 и таа лани донесе приход од 116 милиони долари. Турнејата во САД ќе опфати 17 датуми, завршувајќи во Мајами на 31 август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира