„За мене е неверојатно што сум тука. Имам 80 години и уште продолжувам да работам. За мене е важна работата, со неа живеам во многу животи”, рече филмската дива Клаудија Кардинале на црвениот тепих на Фестивалот ,,Браќа Манаки” во Битола.
Кардинале во Центарот за култура ја пречека министерот за надворешни работи Никола Димитров и заедно се фотографираа. Кардинале беше непосредна и доста пријатна, па гостите ја застануваа да се фотографираат до неа.
Италијанската актерка е дојдена во Битола да ја прими специјалната награда Златна Камера 300 за специјален придонес во филмската уметност.
Ж. ЗДРАВКОВСКА