МУРАЛ НА ПОЛСКИОТ УМЕТНИК САИНЕР СЕ ОТВОРА УТРЕ ВО СКОПЈЕ

    МУРАЛ НА ПОЛСКИОТ УМЕТНИК САИНЕР СЕ ОТВОРА УТРЕ ВО СКОПЈЕПржемислав Блејжик ќе присуствува на отворањето на муралот (Фото: Фејсбук)

    Муралот „harmonoise_230425“, изработен од познатиот полски уметник Пржемислав Блејжик (Саинер), ќе биде отворен утре во Младински културен центар во Скопје. Настанот, кој почнува во 19 часот, е организиран од Институтот „Адам Мицкиевич“, во соработка со Град Скопје, како дел од меѓународната културна програма на претседателството на Полска со Европска Унија.

    Саинер, кој ќе присуствува на отворањето на муралот, е едно од најпрепознатливите имиња во современата улична уметност. Неговите импресивни мурали што го разубавуваат урбаниот простор во градови низ целиот свет се одликуваат со надреалистички стил и богати палети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира