МУЗИЧАРИ ОД СКАНДИНАВИЈА И САД ДОМИНИРААТ НА 43. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, СЕ НАЈАВУВА СИЛНА И ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМА

    МУЗИЧАРИ ОД СКАНДИНАВИЈА И САД ДОМИНИРААТ НА 43. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, СЕ НАЈАВУВА СИЛНА И ЕКСКЛУЗИВНА ПРОГРАМАФестивалот се отвора со ексклузивната изведба на делото „После пожарот“, што специјално за оваа прилика го компонираа Арве Хенриксен и Јан Банг.

    Единаесет угледни состави од САД, Бразил, Европа и Македонија ќе учествуваат на 43. издание на Скопскиот џез фестивал, што се отвора в четврток (19 октомври). Четирите музички вечери ќе се одржуваат во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар.

    Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес“, најавуваат организаторите.

    Фестивалот се отвора со ексклузивната изведба на делото „После пожарот“ (After the Wildfire), што специјално за оваа прилика го компонираа норвешките џез ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак. Музиката е аранжирана и под диригентство на Џијан Емин, а во изведбата ќе бидат вклучени и неколкумина познати македонски пејачки и кавалџии.

    Истата вечер ќе настапи и ансамблот на култниот американски композитор, пејач и поет Бен Ламар Геј, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена.

    Во продолжението ќе настапат музичари од САД, Италија, Шведска, Словенија, Велика Британија, Шпанија, Норвешка, Данска, Полска и Бразил, како и македонскиот бенд „Кобалт код јунит“. Во рамките на фестивалот синоќа беа прикажани документарните филмови „Арт Пепер: белешки на еден преживеан џезер“ од 1982 и „Музика за црни гулаби“ од 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира