МУЗИКАТА ЗА „ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА“ НОМИНИРАН ЗА ОСКАР Е СНИМЕНА ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МУЗИКАТА ЗА „ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА“ НОМИНИРАН ЗА ОСКАР Е СНИМЕНА ВО СКОПЈЕ

    Mузиката за „Црвената желка“, што е меѓу петте анимирани филмови номинирани за годинешните Оскари, е снимена во Скопје, во студиото ФАМЕС на француската двојка Од Мопас и Лорен Копиц што работи во просториите на МТВ.

    „Црвената желка“ е деби на холандско-британскиот аниматор Михаел Дудок де Вит, и е приказна без дијалог за човек кој по бродолом ќе се најде на пуст остров и ќе се спријатели со огромна црвена желка. Премиерата беше лани во селекцијата Извесен поглед на Канскиот фестивал каде освои специјална награда.

    Автор на музиката е реномираниот француски композитор Лорен Перез дел Мар, а музиката во Скопје е снимена лани.

    „Перез дел Мар е еден од моите омилени композитори, соработката беше одлична“, вели Копиц, во чие студио се снима музиката со оркестар од македонски и странски музичари.

    Студиото ФАМЕС, што работи десетина години, има богато портфолио на соработки со над 300 композитори од целиот свет, а тука е снимена и музиката на филмови наградувани со највисоките светски награди.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари