НА 2 ОКТОМВРИ ПОЧНУВА „БЕЗ ФИЛТЕР“, НОВАТА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

    НА 2 ОКТОМВРИ ПОЧНУВА „БЕЗ ФИЛТЕР“, НОВАТА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА НА ФИЛХАРМОНИЈАТАДиректорот на Филхармонијата Мустафа Имери со концерт- мајсторите Владимир Костов и Анна Контратенко. (Фото: К.Попов)

    На 2 октомври од 20 часот почнува новата сезона на Филхармонијата, со концерот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи колумбискиот виолончелист Сантјаго Канон Валенсија. Диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак.

    „Оваа сезона ја нарековме #Без филтер затоа што класичната музика не подложи на вештачки разубавувања, туку станува збор за уметност без шминка, во својата најавтентична форма“, рече директорот на Филхармонијата Мустафа Имери.

    Тој го најави концертот на оркестарот во салата „Музикеферјан“ во Виена 28 октомври, сцената на која Виенската филхармонија ги одржува своите концерти, меѓу кои и Новогодишниот, секој 1 јануари.

    „Концертот во Виена ќе биде спој на македонската традиција и европската класика, со дела од тројца македонски композитори: Глигор Смокварски, Бете Илин, Сони Петровски, како и Симфонијата број 8 од Антонин Дворжак. Како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски“, додаде Имери.

    „Возбудени сме пред патот за Виена, се подготвиваме физички, емоционално и музички. Ќе свириме железен музички репертоар“, рече виолинистката и концерт-мајстор Анна Контратенко.

    Имери најави и концерт на кларинетистот Васко Дуковски и виолинистката Фросина Богдановска која живее и работи во Германија. Роденденскиот концерт е на 27 ноември со ерменскиот виолинист Сергеј Хачатуријан, а ќе настапат и виолистот Александар Земцов, виолинистите Теди Папаврами, Ава Бахари, Шкељзен Доли, харфистката Анелин Ленеартс, пијанистите Ендру фон Ојен и Алим Беисембајев, како и виолинистот Нинг Фенг од Кина. Ќе диригираат Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Бар Авни, Најден Тодоров, Тимоти Редмонд, Олси Кинами, Сашо Татарчевски, Борјан Цанев и Бисера Чадловска.

    Концертмајсторите Анна Кондратенко и Владимир Костов кои беа дел од Уметничкиот совет кој ја состави програмата за оваа сезона. Костов рече дека при изборот се водело сметка да бидат застапени дела од сите епохи.

    „Првпат ќе биде изведено вокално-инструменталното дело на Карл Џенкинс, мисата за мир ‘Вооружен човек’, како и  Симфонијата бр.11 од Дмитри Шостакович“, рече Костов.

    M. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира