Атанас Костовски и Љупчо Јолевски ја добија годинешната државна награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на новинарството, а Иван Антоновски и Делвина Крлуку се лауреатите за публицистика, соопшти Одборот за наградата.
Наградата ќе им биде врачена на 21 декември во 10:30 часот, во свечената сала на Собранието.