НЕМА ДА СЕ ДОДЕЛУВААТ ОСКАРИ НА АКТЕРИ И СЦЕНАРИЈА СОЗДАДЕНИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    НЕМА ДА СЕ ДОДЕЛУВААТ ОСКАРИ НА АКТЕРИ И СЦЕНАРИЈА СОЗДАДЕНИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАПромените од Академијата се однесуваат на пријавите за следното доделување на Оскарите, закажано за март 2027. (Фото: АП)

    Академијата за филмска уметност и наука објави нови правила за да појаснат дека глумата и пишувањето мора да бидат извршени од луѓе, а не од вештачка интелигенција, за да бидат подобни за највисоките признанија во филмската индустрија.

    Промените од Академијата се однесуваат на пријавите за следното доделување на Оскарите, закажано за март 2027.

    Генеративната вештачка интелигенција предизвика загриженост во филмската и телевизиската индустрија, бидејќи работниците стравуваат дека студијата ќе ја користат оваа технологија за да ги заменат луѓето и да ги намалат трошоците.

    Минатогодишното деби на  „актерка“ создадена со вештачка интелигенција, наречена Тили Норвуд, како и пофалбите на нејзиниот продуцент за интересот од директори на филмски студија, дополнително ги зголемија грижите и предизвикаа реакција од актерскиот синдикат САГ-АФТРА.

    Според новите правила на Академијата, филмаџиите можат да користат алатки со вештачка интелигенција, но „синтетички“ актер како Норвуд нема да има право на Оскар.  Исто така, сценаријата мора да бидат напишани од човек за да бидат разгледувани.
    Правилата наведуваат дека Академијата може да побара дополнителни информации за да потврди дека пријавите се создадени од луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира