НЕТФЛИКС ЌЕ ПОТРОШИ 17 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ФИЛМОВИ И СЕРИИ ВО 2021

    НЕТФЛИКС ЌЕ ПОТРОШИ 17 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ФИЛМОВИ И СЕРИИ ВО 2021„Менк“ на Нетфликс доби значајно зголемување на гледаноста по номинацијата за Оскар.

    Холивудското студио и најголемата стриминг платформа Нетфликс откри дека во фискалната 2021 година ќе потроши 17 милијарди долари за производство и дистрибуција на филмови и серии. Нетфликс објави дека по прекинот поради пандемијата во 2020, продолжува нивната продукција на сите територии освен Бразил и Индија.

    Овој буџет за годинава е видно поголем од 11,8 милијарди долари што ги потроши во 2020, односно 13.9 милијарди во 2019.

    Во првиот квартал од 2021 најгледани серии на стриминг платформата на Нетфликс се „Кобра Каи“ и „Џини и Џорџија“, а од филмовите „Ден за да“ и „Многу се грижам“.

    Претходно Нетфликс објави дека нивните филмови „Парчиња од жена“ и „Менк“ добиле значајно зголемување на гледаноста откако добија номинации за Оскар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира