НЕЗАВИСНИ ФИЛМОВИ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН, ОТСУСТВУВААТ ХОЛИВУДСКИТЕ БЛОКБАСТЕРИ

    НЕЗАВИСНИ ФИЛМОВИ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН, ОТСУСТВУВААТ ХОЛИВУДСКИТЕ БЛОКБАСТЕРИЖирито за наградата Златна палма на чело со претседателот, јужнокорејскиот режисер Парк Чан-вок. (Фото: Еф-Ди-Си)

    Седумдесет и деветтото издание на Канскиот филмски фестивал почнува денеска со 22 филмови во официјалната селекција за Златна палма. Затворањето е на 23 мај со свеченото доделување на наградите.

    Отворањето е со филмот „Електричниот бакнеж“, француска историска комедија на режисерот Пјер Салвадори, како и со доделување на почесна Златна палма на режисерот на „Господарот на прстените“, Питер Џексон.

    Филмови за војна, тага и вештачка интелигенција ќе се натпреваруваат за највисоката награда на Канскиот фестивал, во трка што останува целосно отворена поради отсуството на големи филмски студија и други познати фаворити.

    Гламурозниот фестивал, кој долго време служеше како платформа за промоција на холивудски франшизи, како „Индијана Џонс“ и „Топ ган“, оваа година нема да биде домаќин на блокбастери, ниту на спектакуларни прошетки по црвениот тепих што обично ги придружуваат, бидејќи филмските студија стануваат сè повнимателни кон ризиците и трошоцоте.

    Сепак, ќе има многу познати имиња, меѓу нив Барбра Стрејсенд, која ќе добие Златна палма за животно дело, како и Џон Траволта, кој ќе го има своето режисерско деби.

    Јужнокорејскиот режисер Парк Чан-вок, познат по филмовите „Олдбој“ и „Без избор“, е претседател на жирито.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира