НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА ЈА ДОБИ ТАНЗАНИСКИОТ ПИСАТЕЛ АБДУЛРАЗАК ГУРНА

    НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА ЈА ДОБИ ТАНЗАНИСКИОТ ПИСАТЕЛ АБДУЛРАЗАК ГУРНАГурна важи за еден од најистакнатите светски постколонијални писатели. (Фото: Гети)

    Нобеловата награда за литература за 2021 ја доби писателот од Танзанија Абдуларазак Гурна. Шведската Академија соопшти дека наградата е признание за неговиот „бескомпромисен и сочувствителен продор во ефектите од колонијализмот и судбината на бегалците во јазот меѓу културите и континентите“.

    Гyрна е роден во Занзибар во 1948, а од 1960-те живее во Англија, каде работи како професор на Универзитетот во Кент. Тој е автор на 10 романи, меѓу кои „Рај“, кој беше во најтесен избор за Букеровата награда во 1994.

    Претседателот на Нобеловиот комитет за литература, Андерс Олсон, го нарече „еден од најистакнатите светски постколонијални писатели“.

    Престижната награда се состои од златен медал и 10 милиони шведски круни (над 1.14 милиони долари).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира