НОЌНА ПРОШЕТКА НИЗ ИЗЛОЖБАТА НА ГЛИГОР СТЕФАНОВ ВО МУЗЕЈОТ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ

    НОЌНА ПРОШЕТКА НИЗ ИЗЛОЖБАТА НА ГЛИГОР СТЕФАНОВ ВО МУЗЕЈОТ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТИзложбата „Грабење во просторот“ беше отворена во јуни (Фото: СДК.МК)

    Музејот на современа уметност во Скопје вечерва организира ноќна прошетка низ изложбата „Грабење во просторот“ на уметникот Глигор Стефанов. Водителка на прошетката, што почнува во 19.30 часот, ќе биде Бојана Јанева-Шемова, кустос во одделот за едукација при МСУ.

    „Грабење во просторот“, ретроспективната изложба на Глигор Стефанов, се отвори во средина на јуни и на неа се претставени сите циклуси на овој автор, од 1981 до 2019 година. Изложени се 11 инсталации, од кои една е долга 100 метри, како и 50 фотографии од негови поранешни инсталации кои не можат да се реплицираат бидејќи Стефанов работи со трска, слама и други нетрајни материјали.

    Шеесет и тригодишниот Стефанов е роден во Кавадари, а дипломирал и магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Од 1988 живее и работи во Лондон, а во 1995 се преселил во Канада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира