НОВИОТ ФИЛМ НА АЛМОДОВАР ГО ОТВОРА 78. ВЕНЕЦИСКИ ФЕСТИВАЛ НА 1 СЕПТЕМВРИ

    НОВИОТ ФИЛМ НА АЛМОДОВАР ГО ОТВОРА 78. ВЕНЕЦИСКИ ФЕСТИВАЛ НА 1 СЕПТЕМВРИМилена Смит и Пенелопе Круз се во главните улоги во „Паралелни мајки“

    Новиот филм на Педро Алмодовар, „Паралелни мајки“, ќе го отвори 78. издание на Венецискиот филмски фестивал. Филмот ќе биде прикажан во натпреварувачката конкуренција на првиот ден на фестивалот на 1 септември. Ова следува две години откако Алмодовар доби Златен лав за животно дело во Венеција.

    Филмот, чија главна ѕвезда е Пенелопе Круз, следи две жени кои случајно се запознаваат во болничка соба во очекување да се породат. Двете се сингл и случајно забремениле: средовечната Јанис не жали за тоа, додека адолесцентката Ана е исплашена и трауматизирана.

    „Јас сум роден како филмски режисер во Венеција во 1983 година. Триесет и осум години подоцна, повикан сум да го отворам фестивалот. Не можам да ја опишам радоста и колку ова ми значи“, изјави Алмодовар.

    „Дина“ на Денис Вилнев исто така ќе има премиера на фестивалот што трае до 11 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира