ОБЈАВЕНА СЛИКОВНИЦА-АЗБУКА СО КИРИЛИЧНО, БРАЈОВО И ЗНАКОВНО ПИСМО

    ОБЈАВЕНА СЛИКОВНИЦА-АЗБУКА СО КИРИЛИЧНО, БРАЈОВО И ЗНАКОВНО ПИСМО„Познавањето на туѓите јазици е вистинско богатствo“, рече авторката Гордана Симоновска-Момировска. (Фото: Влада на РСМ)

    Сликовницата напишана на кирилично, брајово и знаковно писмо „Буква по буква – азбука“ од поетесата Гордана Симоновска-Момировска беше промовирана денеска, во чест на 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

    „Тука на едно место, ќе ги запознаете сите три форми на азбуки со кои луѓето со и без попреченост комуницираат меѓусебе. Во случајов, зборуваме за кириличната, брајовата и знаковната азбука. Брајовата и знаковната азбука се испечатени на крупен фонт за да се задоволи целосната читателска публика. Велат дека познавањето на туѓите јазици е вистинско богатство, но тогаш кога ќе умееме да ги препознаеме и формите на азбуките со кои што се општи, верувајте, тогаш тоа богатство станува бесценето“, рече Симоновска-Момировска.

    Македонската верзија на сликовницата ќе биде достапна од утре, а парите од секоја купена сликовница ќе се донираат за хуманитарните активности што ги спроведува здружението на граѓани „Различни, а еднакви“. Дел од собраните средства ќе бидат донирани и во Сојузот за слепи лица од Велес, за да се набави машина за печатање на брајово писмо.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира