ОЛИВЕР БЕЛОПЕТА НА ОФФ ФЕСТ: ОВДЕ БИ УБИЛЕ ВОДАЧ НА ЛГБТ, А НЕ ИСУС И МУХАМЕД

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:653:"АкотаткотонанацијатавелидекаовдебигиубилеИсусиМухамед,небимуверувал,погледнетеколкуџамииицрквииманаоколу.Но,акоречедеканекојкакоиталијанскиотЛГБТактивистНикиВендолабибилубиен,тогашбимуверувал“,речедиректоротнаОфффестОливерБелопетакаконајаванаиталијанскиотбендштосиноќагозатвори15.изданиенафестивалот ";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОЛИВЕР БЕЛОПЕТА НА ОФФ ФЕСТ: ОВДЕ БИ УБИЛЕ ВОДАЧ НА ЛГБТ, А НЕ ИСУС И МУХАМЕД

    Директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета, кој веќе 15 години го организира и Офф фест, во понеделникот вечер на затворањето на 15-то издание на фестивалот на музиката на светот беше расположен за коментари во актуелниот политички контекст. Најавувајќи го последниот состав за оваа година, Канцониере Греканико Салентино, Белопета зборуваше за поддршката што регионот Пуља од јужниот дел на Италија ја добива од популарниот претставник на таа земја на ЛГБТ заедницата Ники Вендола, кој на разни начини успева да добие европски пари и ги инвестира во културата во тој регион, па дури и скопскиот концерт е поддржан од тие средства, а за сето тоа е пофален од Европа.

    Белопета рече: „Ако таткото на нацијата вели дека овде би ги убиле Исус и Мухамед“, за што публиката во Дансинг салата на МКЦ почна да свирка како знак на поддршка на кажаното, а тој ги смири, и додаде:„Не би му верувал, погледнете колку џамии и цркви има наоколу. Но, ако рече дека некој како Вендола би бил убиен, тогаш би му верувал“. За што доби аплауз.

    Белопета за политиката зборуваше најавувајќи го и првиот концерт на последната вечер на Офф фест, на Бразилката Бади Асад, кога ја заокружуваше годишната програма. Потсети на трите изминати вечери, на како што велеше во секоја најава „шарена програма на фестивалот“, и потенцираше дека Батида, артистот од Ангола кој живее во Португалија рече дека кај нив во Ангола имало предлог на избори да се гласа и за празно столче. Ако никој од предложените кандидати не ти се допаѓа, можеш да гласаш за празно столче. На тоа, Белопета додаде дека е добра идеја и за Македонија, и рече дека е подобро столчето да е празно отколку да е за некој бугараски државјанин.

    Офф фест во вечерта на Батида, во саботата, имаше и една американска рап ѕвзда, Сол Вилјамс, а таа вечер е окарактеризирана како политичка, активистичка ангажирана вечер на фестивалот, зашто се говореше и пееше со видеоилустрации за револуции и потреба за слобода во сите општества.

    На фестивалот кој нуди вкусови и култури од целиот свет беше претставена и Гана, со филм и концерт за музичкиот стил хајлајф, за кој беше речено дека не е ни дрога, ни религија, ни секс, тоа е музика. Тоа е отворената мисла на крајот од овој Офф фест измешан со политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари