ОСКАРОВЕЦОТ ДАНИЕЛ ДЕЈ-ЛУИС ПО 7 ГОДИНИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕНЗИЈА ЗА ДА ИГРА ВО ПРВИОТ ФИЛМ НА СИН МУ

    ОСКАРОВЕЦОТ ДАНИЕЛ ДЕЈ-ЛУИС ПО 7 ГОДИНИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕНЗИЈА ЗА ДА ИГРА ВО ПРВИОТ ФИЛМ НА СИН МУ

    По седумгодишна пауза, која беше најавена како пензионирање од актерството, трикратниот оскаровец Даниел Деј-Луис ќе глуми во режисерското деби на неговиот син Ронан Деј-Луис. 67-годишниот британски актер се откажа од глумата откако во 2017 глумеше во филмот „Фантомска нишка“ на Пол Томас Андерсон и оттогаш во голема мера остана надвор од јавниот живот.

    Сега тој ќе глуми во филмот „Анемона“, деби на син му Ронан, потврди американската независна продуцентска куќа „Фокус фичрс“.
    Во филмот ќе играат и актерите Шон Бин, Саманта Мортон, Семјуел Ботомли, а моментално се снима во Манчестер.

    Сценариото го напишаа таткото и синот, а се најавува дека „ги истражува сложените односи меѓу татковците, синовите и браќата и динамиката на семејните врски“.

    Даниел Деј-Луис е познат по неговата посветеност кон улогите и темелната и методична подготовка за нив. Има добиено три Оскари за најдобар актер, за улогите во „Мое лево стапало“, „Ќе има крв“ и  за улогата на Абрахам Линколн во филмот „Линколн“ на Стивен Спилберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира