ПАТУВАЊЕ НИЗ ЕГИПЕТ ВО 3-Д ВЕРЗИЈА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРЕМИЕРАТА НА ОПЕРАТА „АИДА“

    ПАТУВАЊЕ НИЗ ЕГИПЕТ ВО 3-Д ВЕРЗИЈА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРЕМИЕРАТА НА ОПЕРАТА „АИДА“„Аида“ на Верди се смета за една од највеличествените опери на сите времиња, која ги спојува грандиозноста и интимноста, комбинација што Верди сметал дека остава силен впечаток врз публиката (Фото: К. Попов)

    Публиката во Националната опера и балет синоќа доби 3-Д патување низ историјата и географијата на древниот Египет, на премиерата на операта „Аида“ од Верди, на отворањето на 47. Мајски оперски вечери.

    Министри, амбасадори, градоначалници, советници, пратеници дојдоа на премиерата која е работена според продукцијата на театарот „Карло Феличе“ од Џенова, под диригентство на Енрико Довико. Режијата според италијанската верзија ја адаптираше Дејан Прошев, кореографијата е на Луиза Балдинети, а асистентка кореографка е Саша Евтимова.

    Операта „Аида“ годинава за првпат ќе ги отвори и затвори Мајските оперски вечери „Аида“ на Верди се смета за една од највеличествените опери на сите времиња, која ги спојува грандиозноста и интимноста, комбинација што Верди сметал дека остава силен впечаток врз публиката (Фото: К. Попов)

     

    Солистите: Благица Поп Томова како Аида, Амади Лага (Франција/Тунис) како Радамес, Ирена Кавкалевска како Амнерис, Борис Трајанов како Амонсаро, Владимир Саздовски како Рамфис и Евгениј Станимиров од Бугарија како Фараонот добиваа аплаузи низ целата изведба, а и на крајот беа поздравени со овации.

    Директорот на НОБ Васо Ристов рече дека охрабрува фактот дека и покрај границите што ги наметнува потрошувачкото општество, ниту радиото, ни телевизијата, а ни современите носачи на звук, не се штетна конкуренција на манифестациите на жива музика и на оперските претстави.

    Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев со сопругата и директорот на Националната опера и балет Васо Ристов (Фото: К. Попов)

    „Во моите вообичаени говори посветени на економијата, на растот и развојот зборувам за реформа во образованието и она што го најавуваме, а тоа е дуалниот систем, но вечерва сакам да ви кажам дека сметам оти рационалноста оди рака под рака со уметноста – затоа што само така може да постои креативност.

    Со иста енергија, ентузијазам и љубов треба да им се посветиме и на часовите по музичко и ликовно образование затоа што односот што го градиме кон културата е впрочем, однос кон идентитетот“, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, прогласувајќи ги Мајските оперски вечери за отворени.

    Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски со сопругата (Фото: К. Попов )

    До крајот на Мајските оперски вечери до 31, ќе се изведат и балетот „Лебедово езеро“ со Маја Махатели од Грузија и Артур Шестериков од Русија, првенци на Холандскиот национален балет, како и оперите: „Лучија од Ламермур“ од Доницети, „Риголето“ од Верди, „Боеми“ од Пучини и „Травијата“ од Верди.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со сопругата (Фото: К. Попов)

     

    Министерката за правда Рената Дескоска со сопругот, универзитетскиот професор Тони Дескоски (Фото: К. Попов)

     

    Пратеникот Антонијо Милошоски со сопругата (Фото: К. Попов)

    Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние (Фото: К. Попов)

     

    Фестивалскиот оган го запали диригентката и уметничка раководителка на Операта, Бисера Чадловска (Фото: К. Попов)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира