ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЛИТЕРА СО ИЛУСТРАТОРИ ОД ХРВАТСКА, ПРОМОЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА И УМЕТНИЦИ

    ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЛИТЕРА СО ИЛУСТРАТОРИ ОД ХРВАТСКА, ПРОМОЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА И УМЕТНИЦИФестивалот Литера преку целата година организира работилници за илустрации со деца. (Фото: Фејсбук)

    Тројца врвни илустратори и креативци од Хрватска, Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ-Врачар и Бранка Холингсворт-Нара, се специјални гости на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади Литера.  Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на Град Скопје.

    Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници.

    Присуството на фестивалот на уметниците од Хрватска е особено важно, бидејќи преку мастеркласови и предавања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. На нив ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници“, вели Софија Семенпеева од тимот на Фестивалот.

    На 5. издание на Литера, освен изложби и мастеркласови, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ќе бидат организирани промоции на книги, а македонски писатели, креативци ќе организираат детски работилници и јавно читање сликовници. Како дел од фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложени дела на млади македонски илустратори, што учествуваа на конкурсот што го организираше фестивалот.

    Посебен фокус ќе биде ставен на конференцијата „Македонска современа илустрација“, на која ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата. Наградите Литера 2023 ќе бидат соопштени и доделени на затворањето на фестивалот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира