ПО 42 ГОДИНИ БЕЖАН СЕ ВРАЌА ВО МКЦ СО ИЗЛОЖБА И ПЕРФОРМАНС

    ПО 42 ГОДИНИ БЕЖАН СЕ ВРАЌА ВО МКЦ СО ИЗЛОЖБА И ПЕРФОРМАНСДел од сликите на Драгољуб Бежановиќ-Бежан кои ќе се изложат во МКЦ - „Наркоман“ (лево) и „Војсководец“ (десно)

    Изложба на слики, цртежи, фотографии, објекти, ситна пластика и перформанс на Драгољуб Бежановиќ -Бежан, насловена „Назад во 70- тите“ ќе се отвори вечерва во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

    Изложбата на уметникот, кој живее во Холандија, се отвора 30 години по неговото последно претставување во Македонија во 1987 година во Центарот за култура и информации во Скопје.

    „Но, исто така, изложбата се отвора и повеќе од 42 години по мојата прва закажана самостојна изложба во тогашниот Дом на млади (МКЦ), која без конкретна причина се откажа. На оваа изложба ќе бидат изложени дела главно предвидени и на неодржаната изложба тогаш и фактички таа ќе се отвори годинава, по 42 години со едно извонредно значење за мене лично, но и воопшто за пошироката јавност. На изложбата ќе имаме можност да погледнеме и да анализираме што во тие години било спорно да се изложи и дали тоа што е креирано тогаш во тоа време можело да биде причина на чуварите на масовната мисла да застанат во одбрана од вакви ликовни остварувања“, вели уметникот.

    Од МКЦ најавуваат дека вечерта по отворањето ќе се одржи и хепенинг, хипи диско вечер со задолжителен дрес код во хипи стил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира