Германската актерка Сандра Хилер, номинирана за Оскар, која се прослави со неодамнешните филмови „Анатомија на падот“ и „Зона на интерес“, ќе има режисерско деби во театарот Нојес во источниот германски град Хале. Заедно со Том Шнајдер, Хилер ќе го постави „Пентесиле: а:с“, дело на современиот драматург Мари Диласер базирано на драмскиот еп „Пентесилеја“на романтичниот писател Хајнрих фон Клајст.
Претставата ја најави театарската организација Бинен Хале, а ќе биде премиера на германски јазик. Премиерата ќе биде на 17 април 2025.
Во соопштението за драмата на Диласер се вели дека е „јазично огромна“ и следи по адаптацијата на Хајнрих фон Клајст. Станува збор за двајца луѓе, две мислења и два погледи на светот. Делото на Клајст, напишано во 1808 и инспирирано од античката митологија, ја следи амазонската кралица Пентесилеја и грчкиот херој Ахил.