ПОЧИНА АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ МЕТО ЈОВАНОВСКИЈовановски важи за еден од најистакнатите македонски актери, познат по својот оригинален пристап на актерската мајсторија.

    Актерот Мето Јовановски, еден од доајените на македонското глумиште почина на 77 години, потврдија од Драмски театар за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Јовановски во 1971  завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија.

    Јовановски се појавува во над 60-тина филмски и телевизиски наслови. Неговите незаборавни улоги се во филмовите – „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“.

    За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

    „Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата ‘Што виде собарот’, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на ‘Моето име е Горан Стефановски’ “, велат од неговата матична куќа, Драмски. Додаваат дека дополнително со семејството ќе известат за одржувањето на комеморацијата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира