ПОЧИНА БАЛЕРИНАТА ВЕРА БРАНЃОЛИЦА

    ПОЧИНА БАЛЕРИНАТА ВЕРА БРАНЃОЛИЦАКако истакната солистка, изразено музикална и со извонредно чувство за драматуршко обликување на улогите, Вера Бранѓолица има одиграно многу улоги во голем број балетски претстави меѓу кои Кармен , улога со која ја заврши својата професионална кариера

    Балерината Вера Бранѓолица, една од основоположниците македонската балетска сцена почина денес на 82 години.

    Родена е во Скопје во 1936 година и од нејзината 14 годишна возраст ја започнува нејзината плодна кариера во балетот, во којашто има остварено многу улоги во нејзината матична куќа – Македонската опера и балет.

    Нижо и средно балетско училчиште завршува во Скопје во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова.
    Од 1949 до 1976 година таа е член на Балетот при тогашниот Македонски народен театар (МНТ).

    Како истакната солистка, изразено музикална и со извонредно чувство за драматуршко обликување на улогите, таа има одиграно многу улоги во голем број балетски претстави меѓу кои: Кармен во „Кармен“ од Жорж Бизе, улога со која ја заврши својата професионална кариера, Воденичарка во „Трирогатата шапка“ од М. Де Фаља, Тамара во „Тамара“ од М. Балакирјев, Дадилка во „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев, „Танц на Кадетите“, Цигански танц во операта „Травијата“, Дон Кихот и многу други.

    Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел, утре од 14, 30 до 15, 30 часот, а погребот ќе се изврши во 15, 30 часот.

    Комеморацијата во чест на Вера Бранѓолица ќе се одржи во МОБ в четврток, во 12,30 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира