Долгогодишниот басист и еден од брадестите членови на рок групата „Зи-Зи топ“, Дасти Хил, почина на 72 години во својот дом во Хјустон, потврдија неговите колеги од бендот Били Гибонс и Френк Берд.
„Тажни сме поради веста дека нашиот пријател Дасти Хил почина во сон во својот дом во Хјустон. Нам и на легијата фанови на ‘Зи-Зи топ‘ ќе ни недостигаат твоите непоколеблива појава, добар карактер и трајна посветеност на она што го чинеше бендот“, објави групата на Фејсбук.
Хил беше еден од основачите на групата во 1969 година и беше басист и втор вокал на сите 15 студиски албуми, од кои последниот излезе во 2012 година. „Зи-Зи топ“ почнал како блуз бенд, но потоа се префрлил на традиционален рок, што му помогна да остане во врвот на сцената во 1970-ите и 1980-ите.