ПОЧИНА ЏЕЈМС БАРОУС, РЕЖИСЕРОТ НА „КАФУЛЕТО ‘НА ЗДРАВЈЕ’“, „ВИЛ И ГРЕЈС“ И „ПРИЈАТЕЛИ“

    ПОЧИНА ЏЕЈМС БАРОУС, РЕЖИСЕРОТ НА „КАФУЛЕТО ‘НА ЗДРАВЈЕ’“, „ВИЛ И ГРЕЈС“ И „ПРИЈАТЕЛИ“Џејмс Бароус е коавтор на хит-серијата „Кафулето 'На здравје'“ а ги режираше и „Вил и Грејс“ и „Пријатели“ (Фото: АП)

    Прочуениот американски телевизиски режисер Џејмс Џими Бароус почина на 85 години. ​ Тој е коавтор на хит-серијата „Кафулето ‘На здравје’“ (каде режираше 243 епизоди), а ги потпиша и сите 246 епизоди на „Вил и Грејс“. Тој работеше и на сериите „Пријатели“ , „Фрејзер“, како и пилот-епизоди за „Два и пол мажи“ и „Теоријата на Големиот тресок“.

    Бароус помина речиси педесет години зад камерите, специјализирајќи се за ситкоми.  ​Во својата автобиографија од 2022, напиша:

    ​„Кога режирам, секогаш се обидувам да ја погодам онаа совршена точка каде што најдоброто сценарио се спојува со најдобрата глума и најсилната хемија меѓу актерите. Тој спој го носи најслаткото и најдолготрајното смеење“.

    ​Неговото семејство во објави дека тој не создавал само хумор, туку хуманост и поврзаност. Колегите за Бароус објавија дека ќе го паметат како исклучително љубезен и дарежлив човек кој го знаел името на секој соработник на сетот, правејќи сите да се чувствуваат еднакво вредни.

    ​Најголемиот дел од неговите проекти ја одбележаа златната ера на американската телевизија „Ен-Би-Си“ во 1990-тите години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира