ПОЧИНА ДМИТРИ ВРУБЕЛ, РУСКИОТ УМЕТНИК КОЈ ГО НАСЛИКА СЛАВНИОТ БАКНЕЖ НА БРЕЖЊЕВ И ХОНЕКЕР НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД

    ПОЧИНА ДМИТРИ ВРУБЕЛ, РУСКИОТ УМЕТНИК КОЈ ГО НАСЛИКА СЛАВНИОТ БАКНЕЖ НА БРЕЖЊЕВ И ХОНЕКЕР НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИДДелото на Врубел стана симбол на крајот на Студената војна (Фото. ДПА)

    Дмитри Врубел, рускиот уметник кој го наслика еден од најпознатите мурали на Берлинскиот ѕид, почина на 62 години од последиците на ковид-19.

    Неговото дело „Боже, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“ стана симбол на крајот на Студената војна, а содржи репродукција на фотографијата од 1979 на која се бакнуваат лидерите на Советски Сојуз и Источна Германија, Леонид Брежњев и Ерих Хонекер. Врубел го наслика муралот во 1990, неколку месеци по падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија.

    Оригиналното дело беше уништено во 2009 при реновирањето на остатоците од ѕидот, по што Врубел наслика нова верзија. 

    Врубел е роден во Москва во 1960. Иако студирал, никогаш не завршил ликовна академија, но во 1983 бил примен во Здружението на уметници на СССР. Отсекогаш важел за уметнички дисидент и првпат се преселил во Берлин во 1990, каде што брзо станал препознатлив со својата ѕидна уметност. Тој почина во Берлин, каде што постојано живееше од 2010.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира