На 79 години почина истакнатиот македонски продуцент Панче (Панта) Мижимаков, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија.
Мижимаков студирал на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград. Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираа во Македонија и Југославија. Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број играни, документарни и кратки филмови. Од 1991 беше еден од основачите и директор на приватната продукциска куќа „Пегаз“, со која има реализирано неколку филмски проекти.
Бил продуцент и менаџер на продукција на филмовите како „Среќна Нова“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, „Миротворец“, „Татко (Колнати сме Ирина)“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“ и „Тајната книга“.
Во 2018 ја прими наградата Златен објектив на Кинотеката на Македонија за исклучителен придонес во македонската кинематографија.