Почина француската филмска легенда и аматерски возач на тркачки автомобили Жан-Луј Трентињант, кој пред половина век се прослави со главната улога во оскаровецот „Еден маж и една жена“, а продолжи да ја прикажува бруталноста на стареењето во неговите подоцнежни години. Имаше 91 година.
Трентињан починал во својот дом во јужна Франција, а според француските медуми, боледувал од рак на простата. Во кариерата што започна кога имаше 19 години, Трентињант играше во над 100 филмови. Тој беше еден од главните француски актери во повоената ера – и еден од последните ѕвезди на неговата генерација. Француската Кинотека го нарече „еден од најголемите актери во историјата на француската кинематографија“.
Трентињант започна да глуми во театар, но стекна поширока слава на филм, особено глумејќи со Брижит Бардо во „И Бог … ја создаде жената“ во 1956 година. Со Бардо имаа и турбулентна љубовна врска која шокираше многумина. Глумеше во италијански филмови и неколку филмови на легендарниот француски режисер Клод Лелуш, од кои најпознат е „Еден маж и една жена“ во 1966, кој го освои Оскар за најдобар странски филм. Трентињант глумеше возач на тркачки автомобил – страст што ја имаше и во животот – во сложена романса заедно со Анук Еме.
Трентињант не глумеше скоро цела деценија по смртта на ќерка му Мари, исто така актерка, во 2003. Нејзиното момче, популарниот француски пејач Бертранд Кантат, ја претепа до смрт при расправија во хотелска соба во Литванија, каде што таа снимаше филм. Трентињант продолжи да глуми в театар и на филм во своите 80-ти години и привлече ново меѓународно внимание во драмата „Љубов“ на Михаел Ханеке, наградена со Оскар во 2013, сиров приказ на пустошот што Алцхајмеровата болест ја остава врз љубовта на возрасен пар. Во својата последна улога на филм, Трентињант повторно се соедини со Лелуш и Аме во „Најдобрите години од животот“ во 2019.