ПОЧИНА ГЕРМАНСКИОТ ПОЕТ ХАНС МАГНУС ЕНЦЕСБЕРГЕР, ДОБИТНИКОТ НА ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ ВО СТРУГА ВО 1980

    ПОЧИНА ГЕРМАНСКИОТ ПОЕТ ХАНС МАГНУС ЕНЦЕСБЕРГЕР, ДОБИТНИКОТ НА ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ ВО СТРУГА ВО 1980Творештвото на Енцесбергер е преведено на повеќе од 40 јазици (Фото: Дојче веле)

    Еден од најзначајните современи светски поети Ханс Магнус Енцесбергер почина на 93 години во Минхен. Тој беше лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1980, кога му припадна Златниот венец.

    Енценсбергер беше писател, поет, преведувач и уредник, а пишувал и под псевдонимот Андреас Талмаер. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.

    По докторирањето на Сорбона во Париз, еден период живеел на Куба во времето на Фидел Кастро. Меѓу 1965 и 1975 го уредувал списанието „Распоред“, а од 1985 бил уредник на престижната едиција книги „Другата библиотека“, која се издава во Франкфурт и досега опфати повеќе од 250 наслови. Пишувал и за театар, филм, радио и опера, а автор е и на неколку романи и книги за деца.

    Меѓу наградите што ги добил се издвојуваат „Хајнрих Бел“ во 1993, „Ерих Марија Ремарк“ во 1998, „Хајнрих Хајне“ во 2002, наградата на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост во 2006 и „Грифин“ за животно дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира