ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРАНЦУСКИ АКТЕР МИШЕЛ ПИКОЛИ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРАНЦУСКИ АКТЕР МИШЕЛ ПИКОЛИКариерата на Пиколи се протегна низ осум децении (Фото: Ројтерс)

    Легендарниот француски актер Мишел Пиколи, кој оствари низа забележителни улоги во филмовите на Луис Буњуел, Жан-Лик Годар и Луј Мал, почина на 94 години, објави неговото семејство, не кажувајќи ја причината за смртта.

    Ветеран на европската кинематографија, Пиколи ја почнал кариерата во 1940-ите, а последниот филм го сними во 2014. Соработката со Буњуел ја почнал во 1957 година и потоа глумеше во уште шест негови филмови. Во големите ѕвезди на францускиот филм го лансираше „Презир“ (1963) на Годар, каде што партнерка му беше Брижит Бардо, статус што го задржа и во наредните децении.

    Во кариерата оствари повеќе од 230 филмски и телевизиски улоги и беше прогласен за најдобар актер на филмските фестивали во Кан и Берлин.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира