ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРАНЦУСКИ РЕЖИСЕР БЕРТРАН ТАВЕРНИЕ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФРАНЦУСКИ РЕЖИСЕР БЕРТРАН ТАВЕРНИЕТаверние важеше за предводник на генерацијата која се појави по Новиот бран (Фото: АФП)

    Легендарниот француски режисер Бертран Таверние, опишан како предводник на генерацијата што се појави по Новиот бран, почина на 79 години, објави институтот „Лимиер“ во Лион, чиј што беше претседател.

    „Заминувањето на Таверние е колосална загуба за француската кинематографија“, изјави режисерот Клод Лелуш.

    Таверние е роден во Лион во 1941 и во прв период работел како филмски критичар, а како режисер дебитираше во 1974 година со „Саатчија“. Ова го означи почетокот на неговата соработка со актерот Филип Ноаре, со кого заедно сними уште пет филма.

    Таверние освои неколку награди на големите филмски фестивали, вклучувајќи Златна мечка во Берлин во 1995 за „Мамец“ и награда за најдобар режисер во Кан во 1984 за „Недела на село“. Неговиот џезерски филм „Околу полноќ“ од 1986 година доби две номинации за оскар, при што Херби Хенкок беше награден за најдобра музика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира