ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СЛОВЕНЕЧКИ АКТЕР РАДКО ПОЛИЧ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ СЛОВЕНЕЧКИ АКТЕР РАДКО ПОЛИЧПолич оствари повеќе од 100 филмски и телевизиски улоги (Фото: Пиксел)

    Легендарниот словенечки актер Радко Полич почина на 81 година, објави Здружението на драмски уметници на Словенија.

    Полич дипломирал на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, а првата филмска улога ја остварил во 1961 година.

    Со кариера која се протегна низ седум децении, Полич беше еден од најпрепознатливите словенечки актери во југословенската кинематографија. Оствари повеќе од 100 филмски и телевизиски улоги, како и десетици театарски. За филмот „Идеалист“ освои Златна арена за најдобар актер во Пула во 1977 година.

    Радко Полич остави неизбришлива трага и во театарот во Словенија. Листата на неговите улоги е навистина долга и непроценлива“, соопшти Здружението на драмски уметници на Словенија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира