ПОЧИНА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ, СРПСКА АВТОРКА НА ТЕКСТОВИ НА ХИТОВИ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА, МЕЃУ КОИ И НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

    ПОЧИНА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ, СРПСКА АВТОРКА НА ТЕКСТОВИ НА ХИТОВИ ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА, МЕЃУ КОИ И НА ТОШЕ ПРОЕСКИТуцаковиќ напиша и дел од хитовите на Тоше Проески (Фото: Н1)

    Марина Туцаковиќ, која ги напиша текстовите за голем број рок, поп и фолк хитови во поранешна Југославија, почина на 68 години по долга битка со ракот на дојка. Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови откако се заразила со коронавирусот, кажа нејзиниот син Милан.

    Туцаковиќ ја почна кариерата на музички текстописец во 1980-ите преку соработката со групата „Зана“. Оттогаш, нејзините текстови придонесоа за успехот на многу естрадни ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Северина, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ и Неда Украден.

    Туцаковиќ напиша и дел од хитовите на Тоше Проески, со кого ја почна соработката на албумот „Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира