Бора Ѓорѓевиќ, пејачот на „Рибља чорба“ и еден од најпопуларните рокери во поранешна Југославија, почина на 71 година во Љубљана, потврди неговиот менаџер Бане Обрадовиќ. Ѓорѓевиќ во последно време се лекуваше од тешка пневмонија во болница во Љубљана, каде што живееше.
Роден во Чачак во 1952, Бора Чорба ја почнал речиси шестдецениската музичка кариера во групите „Заједно“, „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, пред да ја оформи „Рибља чорба“ во 1978.
Под водство на Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ стана една од најуспешните југословенски рок групи, која за период од 40 години издаде 20 студиски албуми, последниот во 2019.
Како текстописец и композитор, Ѓорѓевиќ соработуваше со бројни југословенски пејачи, како Здравко Чолиќ, Неда Украден, Маја Оџаклиевска, Оливер Мандиќ, Оливера Катарина и Мики Јевремовиќ.