ПОЧИНА РИЧАРД ДОНЕР, РЕЖИСЕРОТ НА „СУПЕРМЕН“ И „СМРТОНОСНО ОРУЖЈЕ“

    ПОЧИНА РИЧАРД ДОНЕР, РЕЖИСЕРОТ НА „СУПЕРМЕН“ И „СМРТОНОСНО ОРУЖЈЕ“Донер го сними првиот модерен филм за суперхерои и потоа го усоврши жанрот акциона комедија (Фото: Шатерсток)

    Ричард Донер, кој како режисер на „Супермен“ ги отвори вратите на Холивуд за светот на суперхероите, почина на 91 година. Стивен Спилберг го опиша Донер како режисер кој имаше талент за многу жанрови.

    Донер ја почна кариерата на телевизија, а пробивот во Холивуд го направи со хоророт „Омен“ од 1976. Две години подоцна го сними „Супермен“ со Кристофер Рив, што се смета за прв модерен филм за суперхерои.

    Неговата кариера доби нов замав во 1980-ите, прво како режисер и продуцент на една од омилените семејни комедии „Гуниси“, која зборува за група деца кои одат во потрага по изгубено пиратско богатство. Донер потоа го усоврши и жанрот акциона комедија како режисер на сите четири дела на „Смртоносно оружје“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира