ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА СИСИ ХЈУСТОН, МАЈКА НА ВИТНИ ХЈУСТОН

    ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА СИСИ ХЈУСТОН, МАЈКА НА ВИТНИ ХЈУСТОНСиси Хјустон беше заедно во музиката со Витни во најголем дел од нејзиниот живот (Фото: АП)

    Сиси Хјустон, наградуваната соул и госпел пејачка и мајка на покојната поп дива Витни Хјустон, почина на 91 година во својот дом во Њу Џерси, објави семејството.

    Родена како Емили Дринкард во 1933, таа подоцна го зела уметничкото име Сиси Хјустон. Од мала пеела во цркви, музичката кариера ја почнала во госпел групата „Дринкард фор“, а потоа ја основала аренби групата „Свит инспирејшнс“.

    Хјустон ја почнала соло кариерата во 1970 и освои две награди Греми за својата госпел музика.

    Како придружна пејачка соработувала со големи музички имиња, како Џими Хендрикс, Арета Френклин, Чака Кан, Отис Рединг и Дион Ворвик, но и со Елвис Присли, Бет Мидлер и Линда Ронстад. Беше барана сешн пејачка, па низ кариерата сними повеќе од 600 песни и нејзиниот вокал може да се слушне и на песни на Витни Хјустон, Бијонсе и Пол Сајмон.

    Сиси Хјустон своевремено кажа дека не сакала нејзината ќерка да заврши во шоу бизнисот, но тие беа заедно во музиката во најголем дел од животот на Витни и често пееја заедно на концерти. И покрај тоа, имаа комплициран однос, при што Сиси Хјустон во своите мемоари напиша дека Витни знаела да биде и злобна и тешка.

    Витни Хјустон почина на 11 февруари 2012, за што Сиси го обвинуваше нејзиниот сопруг Боби Браун, велејќи дека тој ја внесол длабоко во светот на дрогите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира