ПОЧИНА СЛАВНИОТ ПИСАТЕЛ НА ШПИОНСКИ РОМАНИ ЏОН ЛЕ КАРЕ

    ПОЧИНА СЛАВНИОТ ПИСАТЕЛ НА ШПИОНСКИ РОМАНИ ЏОН ЛЕ КАРЕЛе Каре работел за британските разузнавачки служби, пред да почне да пишува за светот на шпионите

    Прославениот британски писател на шпионски романи Џон ле Каре почина по кратко боледување на 89 години. Авторот според чии дела се снимени популарни филмови и серии починал од пневмонија, изјави неговиот издавач Џони Гелер.

    Роден како Дејвид Корнвел во 1931 година, тој студирал во Берн и Оксфорд пред да почне кариера во британските разузнавачки служби. Првиот роман „Повик за мртвите“ го објави во 1961 година, претставувајќи го својот заштитен лик Џорџ Смајли, по што почна да пишува под псевдонимот Џон ле Каре. Светска слава му донесе третиот роман „Шпионот кој дојде од студот“, по што целосно се посвети на пишувањето. Ле Каре има напишано 25 романи, од кои „Скитник, кројач, војник, шпион“ и „Шеф на ноќна смена“ станаа светски бестселери.

    Ле Каре е неспорен џин на британската литература, кој ја дефинираше ерата на Студената војна“, изјави Гелер.

    Последното дело „Наследство на шпионите“ му излезе во 2017 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира