ПОЧИНА СЛИКАРОТ И МУЗИЧАР СЛОБОДАН ДАНЕ КАПЕВСКИ

    ПОЧИНА СЛИКАРОТ И МУЗИЧАР СЛОБОДАН ДАНЕ КАПЕВСКИКапевски повеќе од три децении изложуваше во германското гратче Реда-Виденбрик (Фото: Глоке)

    На 65 години почина сликарот, музичар и видна личност на скопскиот урбан живот Слободан Дане Капевски.

    Роден во 1957 година, Капевски го завршил Школото за применети уметности во Скопје, а потоа дипломирал на Ликовната академија во Белград, отсек сликарство.

    Беше басист и еден од основачите на групата „Карамела“ во почетокот на 1980-ите, која важи за првиот македонски хеви метал бенд.

    Капевски твореше во своето ателје на Матка, кое истовремено се претвори во популарно уметничко збиралиште. Повеќе од три децении беше редовен гостин во германското гратче Реда-Виденбрик, каде што речиси секоја година изложуваше свои слики и скулптури.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира