Небојша Глоговац, еден од најреномираните современи српски актери и еден од најдобрите во регионот, почина денеска по кусо боледување. Имаше 49 години.
Наградуваниот актер толкуваше бројни улоги на телевизија, филм и в театар. Еден од неговите последни улоги е во ТВ-серијата „Немањиќи – Раѓањето на кралството“, која наскоро ќе се емитува на РТС. Тој ја толкува улогата на Вукан, најстариот син на Стефан Немања. Играше и во серијата „Равна Гора“ на РТС, каде што толкува ликот на генерал Драгољуб Дража Михајловиќ.
Улогите по кои ќе биде запаметен се во филмовите „Буре барут“, „Небесна јадица“, „ Молња“, „Уставот на Република Хрватска“.
Од 1996 е член на ансамблот на Југословенско драмско позорипте, каде што одигра значајни улоги, како во „Сомнително лице“, „Метаморфозис“, „Хадерсфилд“, како и во „Хамлет“ во режија на Александар Поповски.
Небојша Глоговац остави три деца.