ПОЛИТИКАТА ЌЕ ДОМИНИРА НА 74. БЕРЛИНАЛЕ

    ПОЛИТИКАТА ЌЕ ДОМИНИРА НА 74. БЕРЛИНАЛЕОскаровка Лупита Нионго ќе биде првата црнкинка претседателка на жирито на Берлинале. (Фото: АП)

    Берлинале вечерва го отвора 74. издание со светската премиера на „Мали нешта како овие“ со Килијан Марфи, фаворит на Оскарите следниот месец за „Опенхајмер“. Заснован на ирски роман, филмот повторно го спојува Марфи со режисерот на „Пики Блајндерс“ Тим Миелантс, а играат и Ајлин Волш, Мишел Ферли и Емили Вотсон.

    Меѓу 20-те кандидати за престижната Златна мечка се „Ла Кочина“ на Алонсо Руиз Паласиос со Руни Мара во главната улога, како и „Друг крај“ на Пјеро Месина, со мексиканскиот актер Гаел Гарсија Бернал и норвешката актерка Ренате Реинсве,„Империја“ на Бруно Думонсо Лили-Роуз Деп, 24-годишната ќерка на Џони Деп. Во конкуренцојата се и два германски филма, драмата „Умирање“ на Матијас Гласнер и „Од Хилде со љубов“ на Андреас Дрезен.

    Во програмата на Берлинале вон конкуренцијата се научно-фантастичниот филм „Спејсмен“ со Адам Сендлер и Кери Малиган. На црвениот килим на Берлинале меѓу другите со филмови ќе дојдат и Кристен Стјуарт, Аманда Сејфрид, Џеси Ајзенберг и Хантер Шафер. Фестивалот соопшти дека првиот над 78.000 билети се продадени првиот ден кога беа пуштени во продажба.

    Кениско-мексиканската оскаровка Лупита Нионго ќе биде првата црнкинка претседателка на жирито на Берлинале, во кое се и актерите-режисери Брејди Корбет и Јасмин Тринка и режисерите Ен Хуи, Кристијан Пецолд и Алберт Сера заедно со украинската писателка Оксана Забужко. Членовите на жирито на 74. Берлинале одговараа и избегнаа бројни политички прашања на тензичната прес-конференција пред отворањето на фестивалот.

    Политиката никогаш не е далеку од агендата на Берлинале, но тековната војна во Газа веројатно ќе предизвика дебата и демонстрации. Директорите на фестивалот Мариет Рисенбек и Карло Катријан, кои ќе се повлечат по ова издание, ја изразија својата цел за „отворен дијалог“ околу војната. Кога ја претставија овогодинешната програма, рекоа дека се „загрижени што антисемитизмот, антимуслиманството и говорот на омраза се шират во Германија и низ целиот свет“. Многу филмови и документарци оваа година ја поддржуваат оваа желба за дијалог, вклучувајќи го и документарниот филм „Нема друга земја“.

    Станува збор за насилството на израелските доселеници на Западниот Брег и за неверојатното пријателство што се развива меѓу палестински активист и израелски новинар, во режија на палестинско-израелски колектив. Берлиналето, исто така, соработуваше со општествени активисти за да го креира проектот „Мал просторe“, со мала, интимна кабина поставена неколку дена во близина на црвениот тепих, каде што присутните на фестивалот можат да разговараат и дебатираат за кризата на Блискиот Исток. Но, овие напори не ги спречија некои, вклучително и режисерот од Гана Ајо Цалитаба и индиско-американскиот уметник Сунеил Санзгири, да ги повлечат своите филмови од фестивалот во знак на протест поради поддршката на Германија за Израел.

    Во меѓувреме, фестивалот, кој долго време ги поддржува иранските режисери, упати молба до Техеран да му дозволи на режисерското дуо Мерјам Могадам и Бехташ Санаеха да присуствуваат оваа година. Тие треба да го претстават својот нов филм „Мојата омилена торта“, но се соочуваат со забрана за патување од иранските власти. Во соопштението на Берлинале се вели дека им се одземени пасошите и се соочуваат со судење во врска со нивната работа како уметници и филмаџии. Филмот е во трката за Златната мечка, е за жена која одлучува да ги исполни своите желби во земја каде што правата на жените се силно ограничени. Претходниот филм на дуото, „Балада за бела крава“, беше премиерно прикажан во конкуренција во Берлин во 2021.

    Политиката повторно е во игра кога е во прашање списокот на гости на фестивалот. Минатата недела организаторите ги повлекоа поканите за претставници на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија, или АфД за гала отворањето. Се очекуваа пет политичари на АфД бидејќи членовите на сите партии во берлинскиот покраински законодавен дом се поканети на настани што се поддржани со јавни пари. Во последниве недели, Германија имаше големи протести против екстремната десница по извештајот дека екстремистите се состанале за да разговараат за депортирање милиони имигранти, вклучително и некои со германско државјанство, и дека биле присутни и некои членови на АфД. Фестивалот во соопштението рече дека „АфД и многу нејзини членови и претставници имаат ставови кои се длабоко спротивни на основните вредности на демократијата“. Лидерката на берлинскиот огранок на АфД, Кристин Бринкер, го обвини фестивалот дека се предава под притисокот од „активистите за културни политики“. Таа тврдеше дека уметниците се залагаат за „слобода, за различност и за плуралност“, но дека организаторите на фестивалот го прават спротивното.

    Мартин Скорсезе ќе добие почесна Златна мечка за животно дело на церемонијата на на 20 февруари. Француската актерска икона Изабел Ипер ќе дојде во Берлин за да ја земе наградата за животно дело што ја доби во 2022 но тогаше не можеше да присуствува. Таа се враќа оваа година со филмот „Потребите на патникот“ од јужнокорејскиот режисер Хонг Санг-Со.

    Фестивалот ќе трае до 25 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира