ПРЕМИЕРА НА „КАКО ЌЕ ГО ДЕЛИМЕ МАЧОРОТ“ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, ПРЕТСТАВАТА ЗА РАЗВОДОТ Е ЗА ПУБЛИКА НАД 12 ГОДИНИ

    ПРЕМИЕРА НА „КАКО ЌЕ ГО ДЕЛИМЕ МАЧОРОТ“ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ, ПРЕТСТАВАТА ЗА РАЗВОДОТ Е ЗА ПУБЛИКА НАД 12 ГОДИНИВо претставата играат Драган Довлев, Ана Левајковиќ-Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска. (Фото: ТДМ)

    „Како ќе го делиме мачорот“ е новата претстава на Театарот за деца и младинци (ТДМ) во Скопје, која премиерно ќе се изведе вечерва во 20 часот. Текстот и режијата се на Јане Спасиќ, а претставата е наменета за публика над 12 години.

    Спасиќ вели дека инспириран од романите на познатата авторка за деца и млади Џуди Блум, го пишува текстот „Како ќе го делиме мачорот?“, кој како и во нејзините книги, искрено ја отвора и согледува темата на развод во една фамилија и она низ што минуваат децата и родителите во тој процес.

    „Непристрасно, смело, но и нежно, оваа претстава ги отвора табу темите, и ги прикажува повеќето стравови на децата и родителите и притоа, ги поставува вообичаени прашања и перспективи и дилеми на секој развод. На тој начин искрено и отворено ги раскажува премолчените разговори при овој тежок процес. Преку приказната за разводот на фамилијата Неделковски, претставата е како ‘отворен разговор’ за сите деца и млади кои го минуваат или го минале овој процес, но и поттик за родители да ја разберат нивната позицијата и потреби. Од друга страна таа, на еден свој начин е ‘другар’ на сите кои минале низ ова, едно место каде се одвиваат сите потиснати разговори, но и ‘прирачник’ за однесување за сите најблиски пријатели, другари и останати членови на семејството, кои сведочат за развод на своите ближни“, вели Спасиќ.

    Играат Драган Довлев, Ана Левајковиќ-Бошков, Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Ненад Митевски и Марија Ѓорѓијовска.

    Првата реприза е закажана за 28 ноември од 20 часот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира