БИТОЛСКАТА ПРЕТСТАВА „НОЌТА КОГА ЈА УБИВ МЕСЕЧИНАТА“ ОДИГРАНА НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА НА 2.218 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСОЧИНА НА ГОЛЕМО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕР

    БИТОЛСКАТА ПРЕТСТАВА „НОЌТА КОГА ЈА УБИВ МЕСЕЧИНАТА“ ОДИГРАНА НА ПОЛНА МЕСЕЧИНА НА 2.218 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСОЧИНА НА ГОЛЕМО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕРНастанот беше организиран во соработка со Народниот театар Битола и Битолски камерен оркестар со поддршка на Општина Битола. (Фото: СДК.МК)

    Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ својата 26. изведба ја доживеа синоќа (9 август) на полна месечина на Големо Езеро на 2.218 метри надморска височина на Пелистер.

    „Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на Езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа изведба многу повеќе од обична театарска уметност“, соопштија од Националниот парк Пелистер.

    Настанот беше организиран во соработка со Народниот театар Битола и Битолски камерен оркестар со поддршка на Општина Битола.

    Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ е во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува заедно со актерот Александар Копања. Музиката за претставата ја свиреа во живо членови од Битолски камерен оркестар.

    Ова за неполн месец беше вторпат Народниот театар од Битола да изведува претстава под отворено небо на езеро. На 25 јули тие на Ротинско Езеро имаа премиера на претставата „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира