По една година и два в.д директори, Илија Рајковски и Ќазим Асотиќ, Министерството за култура деновиве го назначи музичарот и професор Васо Ристов за генерален директор на Македонската опера и балет.
Ристов е продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а во март беше назначен за музички селектор на Охридско лето.
„Ристов е истакнат уметник, кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Има дипломирано на ФМУ во Скопје, а магистерските студии ги продолжува на музичката академијаПанчо Владигеров – Софија, Бугарија, а потоа и специјализација на ФМУ – Прага, Република Чешка.Има долгогодишно искуство во менаџирање на оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревар“, велат од МОБ.
Васов од 1986 до 2010 беше вработен во МОБ како прв трубач- солист, беше уметнички директор на Операта (2005 – 2006).
Тој е член на Здружението на музичко балетски педагози, претседател на асоцијација на дувачки оркестри во Македонија и член на асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри.